Патниот правец пред селото Скачковце, во насока кон Свети Николе, е затворен за сообраќај откако камион се излизгал и завршил попречно на коловозот.
На фотографиите од местото се гледа камионот кој го блокира патот, поради што сообраќајот е целосно во прекин.
Засега нема официјални информации за причините за настанот, ниту дали има повредени лица. Се претпоставува дека снежните врнежи и лизгавиот коловоз придонеле за излизгувањето на тешкото возило.