Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет

kambovski-limani-svecena-izjava-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска, во Охридската сала на Собранието, Исамедин Лимани и Александар Камбовски, членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија, дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка, Цветанка Иванова.



Лимани и Камбовски не одговорија на прашањето што мислат за предлогот за распуштање на Судскиот совет.

„Отсекогаш сум верувал во независност, во транспаретност, отчетност, одговорност, борба против корупција. Се надевам дека тие мои убедувања ќе бидат третирани во Советот“, изјави Камбовски.

Во однос на распуштање на Советот, Камбовски рече дека нема што да мисли сега, бидејќи треба да се разгледаат новите предлози, а засега не ги знае.

„Согласно уставните и законските одредби се знае дека Судскиот совет е независен уставен орган кој ќе се грижи да се обезбеди независноста на судството. Судскиот совет треба да обезбеди услови таа независност да биде потранспаретна, и да може поефикасно да работат судовите. Бидејќи уставотворецот Собранието е законодавец и установотворец, тие имаат надлежност ако го менуваат Уставот бидејќи се знае дека амандманите што се донесени во 2006 дека судството е независна власт, но тие може да го сменат уставот може да донесат и други реформи“, рече Лимани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK