„Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николовски со навреди се обидува да добие политички поени“, истакна екс-министерот за здравство и носител на кандидатска листана СДСМ во ИЕ4, Венко Филипче.
Загрижувачки е, додава Филипче, што Николовски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор.
„На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати.
Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изрече“, нагласува Филипче во напишаното на социјалните мрежи.