Каевски: Мицкоски е анти ЕУ политичар а ДПМНЕ антизападна партија

Каевски-Мицкоски-е-анти-ЕУ-политичар-а-ДПМНЕ-антизападна-партија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Христијан Мицкоски не може да ги оправда неговите анти ЕУ и антизападни политики, вели Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.


„Нема ниту еден аргумент зошто ДПМНЕ го блокира европскиот пат на земјата и членство во ЕУ. Ова е најголема потврда на фактот дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија. ДПМНЕ нема поддржано ниту една одлука за евро-атланските интеграции на земјава. Сосема спротивно, правеше сè за ја блокира европската иднина на земјата. Лажно тврдеа дека македонскиот јазик ќе биде бугарски дијалект, а не гласаа за ратификација на договорот ФРОНТЕКС, како прв договор потпишан на македонски јазик“, вели Каевски.

Тој истакнува дека Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржале ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО.

„Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција. Тоа се фактите, ДПМНЕ е анти-ЕУ и антизападна партија. Членство во ЕУ значи поголеми плати за работниците, поголеми пензии, подобар животен стандард, пристап до пазар од 500 милиони жители. Затоа СДСМ ќе направи сѐ за да државата да оди напред, граѓаните да живеат во европска држава, со европски животен стандард“, вели Каевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK