Со ниските напади и закани кон Стево Пендаровски дека требало да се исели подалеку од Македонија ДПМНЕ го врати речникот од 27 април, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.
Во недостаток на план и програма, во паника од пораз на изборите, ДПМНЕ преминаа во лични дискредитации и отворени закани кон граѓанскиот кандидат Стево Пендаровски, рече Каевски.
„Ништо не е променто во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото.
ДПМНЕ е режимска партија, која сее раздор, навреди, омалавувања и закани кон сите неистомисленици.
Партија која нема што друго да им понуди на граѓаните, освен изолација, блокади, враќање назад во мрачното минато.
На реториката од 27 ми април не и е местото во кампањата и граѓаните тоа ќе го казнат на изборите.
Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ“, посочи Каевски.