Каевски да не глуми загрижен, нека го поддржи законот за продолжување на важноста на пасошите, затоа што заради СДС народот е заглавен, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Едноставно е да се надмине проблемот кој СДС го создаде, потребно е нивните пратеници да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ со што ќе се продолжи важењето на пасошите. СДС ја остави МВР без обрасци. СДС 2 ипол години издаваа пасоши за кои знаеја дека нема да важат по 12 февруари. СДС ја создаде гужвата по полициски станици“, дополнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив СДС со години ги спуштаат стандардите на услугите кои треба да ги пружат институциите.
„Граѓаните со право велат дека немаме држава. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме“, завршуваат од партијата.
Претходно портпаролот на СДСМ Дарко Каевски оцени дека наместо решение, ДПМНЕ преку министерот во техничката Влада само ги компликува работите со личните документи и го заглавува издавањето пасоши.