ЈСП престана да вози, возачите на протест пред Град Скопје, ја бараат декемвриската плата

DSC_7393.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Автобусите на ЈСП денеска останаа во гаражите по најавата на синдикатот дека ќе има блокада ако на вработените до денес не им биде исплатена декемвриската плата.


Вработените потоа ќе одат во Град Скопје за да ја проследат седницата која ќе се одвива таму, а на која на дневен ред се субвенциите за ова јавно претпријатие.

„Вработените во ЈСП имаат срце и душа да излезат во пресрет на болните луѓе и децата, вработените, за да стигнат на работните места. Потоа, во 9 часот сите автобуси се повлекуваат. Во 10:30 часот, вработените ќе бидат во Град Скопје и ќе останат се до носење на одлуката“, рече Миќо Стојановски, од Синдикатот на ЈСП.

Синдикалците од ЈСП велат, ако легнат парите за плата на сметка, возачите ќе ги вратат автобусите на улица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK