ЈСП: Бруцошите имаат право на бесплатен превоз

ЈСП-Бруцошите-имаат-право-на-бесплатен-превоз.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, ЈСП потсетува дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста.


Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој од седумте центри за персонализација на ЈСП Скопје, со лично присуство на студентот.

Потребни документи: Потврда за редовен студент (не постара од еден месец); Оригинал индекс и лична карта на увид; 200 ден (еднократен надомест) за изработка на електронска персонализирана картичка „Скопска“.

Како што информира ЈСП, на бруцошите билетот автоматски им важи до истекот на наредната календарска година (2024 година).

Студентскиот годишен билет за бесплатен превоз важи за неограничен број возења за сите линии (градски и приградски), но не и за превоз во ноќна тарифа. За дополнителни информации, студентите можат да се обратат на 02-3171-881, во Одделение за продажба при ЈСП Скопје, како и на фејсбук страната на претпријатието facebook.com/jspskopjee.

– Потсетуваме дека единствено „Скопска“ со соодветниот билет е единствен валиден документ за бесплатно користење на јавен превоз од страна на студентите кои ги исполнуваат условите за студентски годишен билет. Не се признаваат индекс, потврда за редовен студент и слично, додаваат од ЈСП.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK