Јетон Шакири до студентите: На вашата сметка ги имате средствата за стипендија, не дозволувајте да ве манипулираат

Јетон-Шакири-до-студентите-На-вашата-сметка-ги-имате-средствата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за образование Јетон Шакири преку социјалните мрежи ги информираше студентите кои ги исполниле условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба, дека се исплатени средствата за стипендија.


„Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас“, напиша Шакири.

Министерот апелираше до студентите да не дозволат да бидат изманипулирани.

„Ве повикувам да ја искористите концентрацијата и енергијата за поголем успех на испитите кои ги имате оваа недела, апелирам да не дозволите да бидете манипулирани од дезинформации и злонамерни повици“, вели Шакири.

Тој додаде дека посветено работи за студентите.

„Го зголемивме износот за студентскиот оброк, го зголемивме износот на стипендиите, разликата на стипендиите ја плативме и за претходниот период … докажавме дека работиме посветено за студентите“, додаде министерот.

Студентите претходно најавија дека масовно ќе излезат на протест пред МОН поради, како што кажаа, доцнењето на стипендиите.

„И покрај најавите на МОН дека стипендиите за месец Октомври и останатите ќе бидат исплатени на 1 Февруари како краен рок сепак денес нашите трансакциски сметки останаа празни. Средства кои денес ги немаме, а сме приморани да ги користиме за покривање на трошоците за запишување на семестар и останати тековни трошоци за студирање.

Исто така веќе две години го пробиваат сите рокови за започнување на реконструкцијата на студентските домови кои се со субстандардни услови, а многу пати досега беше ветено дека ќе се започне реконструкцијата во најбрз можен рок.

Поради таа причина и слични други, како што е доцнењето на финансиската помош за превоз и честото лажење на МОН, ние, студентите, најавуваме МАСОВЕН протест во понеделник пред МОН“, стои во нивниот повик за протест.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK