Јас сум најнапаѓана личност во Македонија. Сите напади врз мене и моите соработници се инспирирани од многу страв. Ако сме толку небитни, зошто тогаш нè напаѓаат? рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, на конвеција на партијата Нова алтернатива вечерва во хотелот „Континентал“ во Скопје, на која таа беше промовирана како нејзина нова претседателка.
„Ние имаме луѓе на кои што граѓаните можат да им веруваат. Како нова сила имааме моќ за да влијаеме и да го исполниме тоа што го ветуваме. Затоа ги повикувам сите граѓани да се приклучат. Со непосредни избори во судството, граѓаните ќе може непосредно да го ценат нивниот интегритет и кредибилитет. На овој начин ќе имаме целосна независност. Да имаме луѓе кои ќе одлучуваат без притисоци, изјави Арсовска.
Таа посочи дека партијата не е во коалиција со СДСМ, но и дека има постулати кои треба да ги прифатат партиите доколку сакаат коалиција со Нова алтернатива.