Јаревски: ЈП за одржување на магистрални патишта, Струмица и Центар купиле машини и до 100 пати поскапо од тоа што СДС тврдат дека е реално

Јаревски-ЈП-за-одржување-на-магистрални-патишта-Струмица-и-Центар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта набавило машина за бележење и вилушкар за 250.000 евра, изјави на прес-конференција пратеникот Тони Јаревски.

Тој тврди дека машините за бележење на улици и патишта кои и самите од СДС потенцираат дека можат да се купат за 2 до 3 илјади евра, ова јавно претпријатие ги платило 100 пати поскапо.

„Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов од СДС исто така набавил машина за бележење на патишта за сума од 15.000 евра, односно 6 пати поскапо од тоа што самите СДС тврдат дека истата може да се набави. Воедно иста таква машина е набавена од општина Центар. Директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, градоначалниците на Струмица и Центар, и двајцата од редовите на СДС купиле машини за бележење на патишта и до 100 пати поголема вредност од онаа за која тврдат дека може да се набават. СДС тврди дека машини какви што купиле нивните функционери и за 250.000 евра, можат да се купат и за 2 до 3 илјади евра. Ова е сериозно обвинување, но и сериозно тврдење од страна на СДС, согласно тоа бараме од ЈО сериозно да ги истражи набавките на општините Струмица и Центар, како и на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта“, рече Јаревски.

Пратеникот праша каде завршила разлика од стотина илјади евра во случајот со ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта? Во чии џебови се над 200.000 евра, како и каде завршиле повеќе од 10.000 евра од набавките во Струмица и Центар, но и дали функционерите на СДСМ крадат преку машини за бележење на патишта.

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното Обвинителство веднаш да отвори истрага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK