Јанушев: Власта набавила систем за следење на комуникациите и има пристап до буквално целиот интернет во државата

Јанушев-Власта-набавила-систем-за-следење-на-комуникациите-и-има.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во Македонија се случува не мега, тука ултра скандал од највисок степен поврзан со следење на комуникациите на граѓаните, изјави на прес-конференција, Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој тврди дека од страна на власта набавен е систем за следење на комуникациите.

„Преку системот имаат можност за пристап до буквално целиот интернет сообраќај во државата, на било кој уред, на било кој телефон, на било кој оператор, на било кое лице – приватно или службено, како и можност за пристап до било кој уред, односно телефон со т.н. „малициозен софтвер“, рече Јанушев.

Вели дека наспроти Законот, МВР нема издадено такво одобрение и дека постои таков документ на кој е потпишан токму Спасовски во кој изричито се тврди дека МВР нема дадено одобрение.

Спасовски и Ковачевски треба веднаш да излезат пред македонската јавност и да дадат одговори пред народот, порача Јанушев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK