Државниот секретар е во постојан контакт со пратениците во Собранието за да ги дооформат предлозите за измени на Законот за основно образование, со кои се предвидува казна за родителите на децата кои се насилни во училиште, информираше министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Таа потврди дека одлуката е веќе донесена и дека овие измени ќе бидат направени во собраниска процедура.
Според најавените измени, останува предлогот казната да изнесува 250 евра за секое сторено насилно дело на детето, која ќе треба да ја плати родителот.
Министерката Јаневска особено потенцираше дека оваа парична казна ќе се применува и во случаите кога родителот ќе одбие да соработува со училиштето и со останатите надлежни институции.