Јакимовски не го потпиша Кодексот за фер избори: Сведоци сме дека одредени кандидати се фаворизираат

stevco-jakimovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Државната изборна комисија, кандидатите за претседател на Македонија, денеска го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори.


Кодексот го потпишаа шест кандидати, а исклучок направи Стевчо Јакимовски кој кажа дека иако не го потпишал, ќе го почитува Кодексот во целост.

„Жалам што ја реметиме оваа протоколарна церемонија кадешто се потпишува Кодексот на претседателските избори од страна на сите седум кандидати.

Во Кодексот се зборува дека ќе имаме фер и демократски избори, ќе се почитуваат демократските вредности, но за жал ние сме сведоци дека одредени кандидати се фаворизираат и токму главната причина зошто треба да го потпишеме овој Кодекс, е да не ги користиме државните ресурси.

Користењето на државните ресурси зборува првите двајца кандидати да земат по 975.000 евра за реклама, нивните коалициони партнери по 450.000 евра, а ние само 126.000 евра, а кандидатот Димитриевски дури и уште помалку. Тоа значи дека секој потпис што ние сме го собрале вреди 12,6 евра, а нивниот потпис вреди 97,5 евра“, рече Јакимовски.

„И покрај таквата нерамноправна презентација во медиумите кадешто сериозно не ограничува да можеме да ги вклучиме сите наши можности, дојдовме до едно фрапантно сознание дека се откажува и мастер-дебатата.

Ако сме октроирани во делот на средствата со коишто треба да се презентираме, ако сме октроирани во делот на билбордите, и ако сме октроирани во делот на дебатите, тогаш какви се овие демократски избори и зарем можеме да зборуваме за слободни, фер и демократски избори, напротив зборуваме за заробени избори, за заробена држава, за немање на капацитет да се организираат фер и демократски избори.

И навистина, не е ли чудно, на локалните избори токму јас имав нула денари за реклами, но имаше три дебати. Има ли логика за избор на
градоначалник да има три дебати, а за претседател на држава каде се зборува за важни државни работи, како во земјата така и надвор, кога треба да бираме врховен командант на вооружените сили, којшто има сериозни влијанија во Уставниот суд, во Судскиот совет, значи и врз судскиот систем, врз гувернерот на Народна банка, врз монетарно-кредитните власти и ние да останеме без било какво соочување на мислење и без можност граѓаните отприлика да просудат кој е тој што во наредните пет години треба да ја води Република Македонија.

Затоа, жал ми е, јас не го потпишав Кодексот, јас ќе го почитувам во целост, но со вакви предиспозиции за други кандидати навистина сметам дека се апсолутно нефер и ова не зборува за фер и демократски избори“, изјави Јакимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK