Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам среќа и успех на вашиот кандидат Гордана Силјановска Давкова и немам лоша мисла за неа, објави вечерва претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски кој ги собра потписите за настап на претседателските избори.
Рекацијата следи откако претходно денес, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека улогата на Јакимовски и Билјана Ванковска од Левица, со кандидатурата е да го ослабнат потенцијалот на Силјановска – Давкова.
Јакимовски на тоа одговара дека тој никогаш не сум бил марионетка и моментите кога ВМРО и СДСМ биле најјаки, се спротиставил на погрешните политики и ги победил за да промовира автентична сопствена политика.
„Јас не сум ад хок политичар и не прифаќам споредни улоги туку главни улоги. Во секоја изборна кампања јас имам сопствена идеа и своја програма и со неа победувам, потоа кон истите се приклучуваат останатите политички субјекти зошто секогаш сум бил иновативен, оргинален, рационален и доболно храбар да го спроведам тоа што сум го намислил“, одговори Јакимовски.
Заклучи дека секогаш кога го потценувале, на крајот победувал, па така ќе биде и сега.