Извлечено девојчето кое падна во дол над Струмица, има повреди на главата

planina-akcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шестнаесетгодишното девојчето кое падна во дол над Струмица е извлечено и во моментот се наоѓа во струмичката болница, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што претходно информираа од ЦУК, девојчето вечерва паднало во дол кај манастирот Свети Илија над Струмица.

Случајот на 112 го пријавила мајката и известила дека нејзината ќерка има повреди на главата, но не ја знаела точната локација.

„По барање на операторите, и тинејџерката потоа се јавила на 112 и вознемирена раскажала за повредите, но не знаела да го посочи точното место на кое што паднала“, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Операторите преку системот на 112 ја утврдиле точната локација, а спасувачките екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK