Ивановски: АХВ се тотално нетранспарентни и нефункционални, веќе 40-тина дена молчат за информации поврзани со безбедноста на храната во Македонија

Оливер-Ивановски-27.03.2024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Оливер Ивановски, член во Кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со изјава ги повика министерот Љупчо Николовски и в.д. директорот Николче Бабовски да одговорат на 14те дописи кои што се доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство, а се поврзани со безбедноста и квалитетот на храна во Република Македонија.

„На 15 –ти февруари 2024 година преку Кабинетот на дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски се доставени 14 дописи до Агенцијата за храна и ветеринарство поврзани со безбедноста на храната. Поради непроследување на информации и нетранспарентност од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство се доведува во прашање колку е функционален системот за безбедност на храна односно дали граѓаните во Република Македонија консумираат безбедна храна? – изјави Ивановски.

Како што вели, во изминатата година во повеќе наврати Трипуновски и неговиот тим алармирале за увоз на зеленчук со зголемено присуство на пестициди, тешки метали со штетни и трајни последици по здравјето на граѓаните, но и за увоз на млеко и млечни производи со зголемено присуство на канцерогени афлатоксини.

„Министерот Љупчо Николовски, Агенцијата за храна и ветеринарство и в.д. Директорот Николче Бабовски се нетранспарентни и ги кријат информациите од граѓаните и се директно најодговорни за руинирање на институциите кои се најповикани за безбедноста на храната. Институциите мора да ја информираат јавноста за безбедноста на храната и дали храната на полиците во маркетите е безбедна по здравјето на граѓаните“, посочи Ивановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK