Со огромна чест и национална гордост Ве известуваме за историскиот успех на Македонски Фолклорн Ансамбл „Илинден“ од Мисисага, Канада, кое на 1 мај 2025 година го освои првото место на Интернационалниот уметнички фестивал од натпреварувачки карактер во Љорет де Мар, Каталонија, Шпанија.
Овој триумф не е само победа за ансамблот, туку и историски момент за македонската култура oд дијаспората- „Илинден“ е првото македонско фолклорно ансамбл од северноамериканскиот континент што постигнало вакво признание на интернационален натпреварувачки фестивал, во конкуренција на врвни ансамбли од Индонезија, Шпанија, Литванија, Индија, Латвија, Украина и други земји.
Ансамблот се претстави со фрагмент од сценската кореографија „Источна“, дело на доајенот Тофе Дракулески, со музика на истакнатиот Ѓорѓи Димчевски – изведба што ја плени публиката со автентичност, динамика и сценска грандиозност, добивајќи највисоки оценки од меѓународното стручно жири.
Македонски Фолклорн Ансамбл „Илинден“, дел од Македонската Православна Црква „Св. Илија“ – Мисисага, постои од 1984 година и е еден од најзначајните културни столбови на македонската дијаспора во Канада. Под водство на посветената претседателка и уметнички директорка Марја Божиновска-Цветанова која со несебична посветеност работи на меѓународната афирмација на групата, и професионалната и креативна кореографка Орхидеја Радевска, друштвото несебично работи на унапредување и интернационална промоција на македонската народна уметност.
Во изминатите децении, ансамблот има настапувано низ бројни градови во САД (Њујорк, Чикаго, Вашингтон, Акрон, Бафало, Детроит и др.), како и во Република Македонија, носејќи ја македонската традиција и фолклор со неизмерна љубов и професионализам.