За време на официјалната посета на Турција, градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, оствари пријателска средба со градоначалникот на Истанбул, г. Екрем Имамоглу. Средбата беше фокусирана на можностите за соработка помеѓу двата града во областа на образованието, културата и економијата.
Градоначалникот Касами истакна дека искуствата и успешните практики на Истанбул се драгоцен ресурс за развој на Тетово.
„Ги користиме најдобрите искуства за да го придвижиме нашиот град напред. Тетово останува отворено за секоја соработка која има за цел прогрес и благосостојба на неговите граѓани,“ рече тој.
Градоначалникот на Истанбул, г. Екрем Имамоглу, се обврза на конструктивен пристап и подготвеност да ги поддржи заедничките проекти кои ќе придонесат за развојот на двата града.