ИПА Македонија & ИПА Регион Скопје ја организираат 2-рата ИПА АКАДЕМИЈА

IPA-MK-370x270
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ве известуваме дека следејќи ги принципите и целите на Меѓународната полициска асоцијација ИПА чие мото е “Преку Служба до Пријателство”, ИПА Македонија & ИПА Регион Скопје ја организираат 2-рата ИПА АКАДЕМИЈА







Целта на овој настан е продлабочување на меѓусебната професионална соработка, дружење, подобрување на комуникациските способности и знаење со цел промовирање на ИПА Организацијата и нејзините цели

На Академијата своето учество покрај домаќинот го најавија 38 претставници на уште  осум (8) држави и тоа:

  • Романија
  • Израел
  • Кипар
  • Германија
  • Хрватска
  • Босна и Херцеговина
  • Белгија
  • Бугарија

Како и претставници на повеќе ИПА Региони од државава односно покрај Регион Скопје свои претставници ќе имаат и Регион Тиквеш-Повардарие, Охрид, Струмица, Тетово и Штип.

На оваа Академија ќе се дискутира на повеќе актуелни теми поврзани со најголемото полициско здружение во светот основано во 1950 година во кое полноправно членуваат 66 држави со над 360.000 активни членови од сите континенти меѓу кои и:

-Историјата на ИПА и историски развој на ИПА Оддел Македонија

– Цели на ИПА и остварување на истите

– Преставување на ИПА и приод кон нови потенцијални членови на ИПА и

– Бенефиции од членувањето во ИПА за членовите, полицијата, Агенции за спроведување на законот и општеството во целина.

Официјалното отворање на конференцијата е на 25.05.2023 година со почеток во 10:00 часот во х. Парк и СПА, Скопје.

Повелете , Ве очекуваме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK