Инспектори затекнале диви менувачници на Бит Пазар, но наместо да ги запечатат им дозволиле да си работат

Bit-pazar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против шест службени лица – инспектори, вработени во Државен пазарен инспекторат, и тоа: С.Б.(32), Ј.Р.(54), В.М.(47), Б.С.(46),С.С.(61) и Р.Б.(37), сите од Скопје, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл 353 од КЗ на РСМ.


Во текот на март и април 2023 година, преземајќи службени дејствија и вршејќи контрола кај три објекти обележани како менувачници, лоцирани во близина на Бит Пазар, Скопје, за кои што било утврдено дека не биле регистрирани како правни лица и не поседувале лиценци издадени од НБРМ за вршење менувачко работење а подолг временски период работеле како менувачници, пријавените, согласно Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност согласно кој истите сами навеле дека постапуваат, на затекнатите лица во дивите менувачници биле должни да им изречат решение за забрана за вршење на дејност, да им ги запечатат објектите, да им ги одземат предметите, опремата и средствата со кои е направен прекршокот како и да им изречат глоба во износ од 1000 до 20.000 евра во денарска противвредност.

Но, пријавените пазаришни инспектори ги прекршиле сите одредби од наведениот закон и во три извршени вонредни инспекциски надзори на затекнатите лица во сите три објекти како менувачници, ниту им издале решение за забрана за вршење на нерегистрирана дејност, ниту им ги запечатиле просториите каде што ја вршеле противзаконската активност, ниту им ги одзеле средствата, предметите и опремата со кои е направен прекршокот ниту пак им изрекле глоба во износ од 1.000 до 20.000 евра.

Напротив, во сите три извршени вонредни надзори на сите три менувачници на секој од сопствениците им изрекле еднократна парична глоба во износ од 80 евра во денарска противредност и ги оставиле и понатаму менувачниците редовно да работат, со што постапиле спротивно на законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и со неизвршување на својата службена должност го сториле кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK