„Има помош за живот без насилство“, во организација на УНФПА, МТСП и Британската амбасада

unfpa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје, Министерството за труд и социјална политика и Британската амбасада во Скопје денека го организираат настанот „Има помош за живот без насилство“.







Со овој настан, како што соопштија организаторите, се одбележува Светскиот ден на населението – 11 Јули и ќе бидат споделени достигнувањата од заедничката работа во областа на заштита и превенција од родово базирано и семејно насилство како дел од проектот „Превенција и заштита од родово базирано насилство во Македонија“.

Како што е најавено, ќе се обратат сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, Џулија Смит – заменичка амбасадор на Обединетото Кралство во Република Македонија и Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Македонија.

Потоа ќе има презентации на стратешки документи и анализи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK