И вработените кај Народниот правобранител протестираат, бараат поголеми плати и финансиска независност како секаде во светот

И-вработените-кај-Народниот-правобранител-протестираат-бараат-поголеми-плати-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Народниот правобранител започнуваат со мирен протест, но граѓаните и во овој период ќе можат да реагираат на неправилностите и повредата на правата, која секојдневно им се случува од страна на субјектите од јавниот сектор.


„Секоја Омбудсман институција во светот, па и Народниот правобранител кај нас, треба да биде самостојна и независна, целосно одвоена од институциите спрема кои презема дејствија за заштита на правата на граѓаните, што кај нас не е случај.

Поради закочената постапка на усвојување на измени на постојниот Закон за народниот правобранител, во моментов не можат да се надминат одредени слабости кои се искажани и нотирани од страна на Европската комисија во извештаите за напредокот на државата, а осбено во Извештајот за реализираната Оценска мисија. Воедно со усвојување на Предлог – Закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобанител кој се наоѓа во Собранието, би се спровела Препораката на Европската комисија против расизам и нетолеранција при Советот на Европа, која препорачува властите да дадат финансиска независност на Канцаларијата на Народниот правобранител за користење на своите буџетски средства, без да се бара одобрение од Министерството за финансии, а воедно и да се подобри финансиската состојба и мотивација за работа на вработените во Народниот правобранител“, рече претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител.

Според него потребно ново законско решение со кое вработените во Народниот правобранител, нема да бидат во кругот на вработени опфатени со Законот за административни службеници, туку ќе бидат самостојни и независни.

„За вработувањето во Народниот правобранител и за пополнување на упразнети работни места нема да се бара согласност од Министерството за финансии. Наведуваме дека е потребно, да се обезбедат посебни средства со буџетот со кои ќе се финансира работата на Народниот правобранител и на Одделот за внатрешна контрола, активности кои со години повремено се финансираат со проекти финансирани од странски партнери. И секако, не помалку значајно, без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, затоа што нашие месечни примања во моментот многу заостановаат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто“, рече претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител..

Вработените во Народниот правобранител и како орган на Републиката формиран со Устав и закон, јавно го повикаа Собранието на РСМ и пратениците веднаш да спроведат постапка за измена и дополнување на Законот за народен правобранител со вградување на горенаведените споменати прашања.

„Напоменуваме дека согласно нашите надлежности, вработените во Народниот правобранител, секојдневно работат со лични податоци на граѓаните, со класифицирани податоци, имаат директен контакт со сите категории на граѓани, особено со оние најранливи групи, вршат увид во институции и установи од секаков тип, што секако е причина тие да добијат одредено покачување на платите кое го имаат повеќе субјекти во државата кои немаат ни приближно вакви надлежности“, додаде претседателот на синдикалната организација на Народниот правобранител.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK