И Ванковска му одговори на Мицкоски; „Јас сум опозиција на сите“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Се зезнал! Ванковска е опозиција на сите од прв до последен! Опозиција на овој гнил систем и естаблишмент, на овој црно-бел свет. Вака професорката и кандидатка за претседателка на државата поддржана од политичката партија Левица, Билјана Ванковска му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по коментарот дека нејзината улога и онаа на Стевчо Јакимовски со кандидатурата, е да го ослабнат потенцијалот на Гордана Силјановска – Давкова.



Ванковска понатаму во уште еден статус го коемнтираше и делот од изјавата на Мицкоски, во која тој ги нарекува „измеќари“.

„Мицко ме нарече измеќарка. Во право е, измеќарка им бев во 2019 година кога се отепав од работа. Си знаат добро што работев, а можам и да ги потсетам ако заборавиле. Е ајде сега играј витешки!“, напиша Ванковска.

Изјавата претходно ја коментираше и кандидатот и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK