Случајот со убиството на 14-годишната Вања денес е главна вест и во медиумите во регионот.
Во Србија, РТС, Н1, Еуроњус, Танјуг, Нова, Блиц и сите портали информираат за деталите за убиството. Ги изнесуваат новите информации од прес-конференцијата на министерот Оливер Спасовски дека првоосомничениот е во бегство, а таткото е вмешан во киднапирањето.
Деталите за случајот ги пренесуваат и медиумит во Албанија, Косово, Хрватска, БиХ.