И на државна кардиохирургија вршени се хемофилтрации во време на КОВИД

klinika drzavna bolonica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според јавно достапните податоци на Биро за јавни набавки хемофилтрацијата како метода била користена за време на КОВИД и на државната Клиниката за кардиологија.

Нејасно е зошто во јавноста останува впечатокот дека само во Клиниката Жан Митрев е користена хемофилтрацијата кога јавно објавените податоци укажуваат дека и клиниките на јавното здравство ја користеле оваа метода. Тоа е јасно укажување дека хемофилтрацијата како метода е користена и на Клиниката за кардиологија и тоа со драстично зголемен број споредено со 2020 година.


Податоците велат дека во 2020 година се набавени само 17 филтри за хемофилтрација. За разлика од таа година во 2021 се набавени 125 филтри за хемофилтрации и 140 филтри за 2022 година што е значително зголемување од 2020 година.

Сите набавки освен последната во 2022 се направени од компанијата Интерком којашто е одговорна за набавка за хемофилтрите, а во 2022 од Омни Медикал. Според податоците од Малмед, компанијата Интерком користи хемофилтри од компанијата Бакстер, а за Омни Медикал нема никакви податоци какви филтри набавува.

Останува прашањето за што се користени филтрите и за какви компликации и зошто е зголемен нивниот број драстично за овие две години? И како една метода кај клиниката Жан Митрев се нарекува експериментална, а на државната клиника не-експериментална?

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK