Хуманитарна инклузивна штафетна трка- ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА!

inkluzivna-trka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 20.05.2023 година на Школка во Градскиот парк од 10:00 – 14:00 часот организираме нешто ново и единствено, нешто забавно и инклузивно.







Здружението на граѓани Куќа на среќата, во соработка со Сојузот на спортови на Град Скопје и Хуманитарната организација „Свети Спас“ организира за прв пат во Македонија хуманитарна инклузивна штафетна трка- ЗАЕДНО ДО ЦЕЛТА!

Трката е од хуманитарен карактер и собраните парични средства ќе бидат наменети за подигнување на инклузивната свест и помош и поддршка на семејствата кои имаат лице со попреченост и иницијативата сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост.

Пријавете се за да учествувате во трката на www.smartrace.club најдоцна до 15ти мај 2023 година и покажете ја вашата инклузивност, разбирање, прифаќање и сакање на лицата со попреченост. Трчеме ЗАЕДНО бидејќи еден без друг не можеме и само ЗАЕДНО можеме да стигнеме до ЦЕЛТА! Трката може да се пешачи, да се трча, да се носи некој во раце….

Ќе трчаме, ќе играме, ќе пееме, ќе се запознаеме, ќе се дружиме сите без разлика на тоа дали сме типични или атипични, без разлика видливи, невидливи, црни и бели, стари, млади…. Сите заедно ќе испратиме една јасна порака дека само ЗАЕДНО можеме да стигнеме до целта, да се прифатиме, разбираме и сакаме.

Секој тим мора да биде инклузивен, односно во трката можат да учествуваат тимови составени од 6 лица. Тимовите трчаат штафетно и истите мора да бидат од 2 лица типични, 2 лица атипични (видлива, невидлива попреченост) и 2 лица асистенти кои ќе трчаат заедно со атипичните лица.

Пријавување
Цена: – 500,00 денари од учесник со маичка од настанот
За лицата со попреченост (видлива, невидлива) учеството е бесплатно.
Рок за пријавување: 15.05.2023

Предвидени се повеќе опции за пријавување
Пријава на цел тим од 6 лица
Поединечно пријавување
Пријава на лица со попреченост

Пријавените кои нема да можат да ја обезбедат потребната бројка на учесници 6 лица, односно да создадат инклузивен тим кој ќе ги вклучува сите лица ќе бидат вклучени во тим од пријавените од страна на организаторот.

Посебно за оваа трка ги охрабруваме лицата со попреченост да се привјават, без разлика на нивната попреченост, дали таа е видлива или невидлива, бидејќи без нив нема да биде остварена целта.

Доколку некој сака да се вклучи во организацијата на трката и да волонтира или да ни биде поддршка на овој настан може да ни се пријави на меил kukja.na.srekjata@gmail.com

Повеќе детали за настанот:

https://www.facebook.com/events/527621249444785

Се гледаме на 20ти мај и се дружиме сите ЗАЕДНО!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK