Хоџа на средба со Амбасадорот на Албанија: Уставните измени треба да се гласаат во Собранието

Хоџа-на-средба-со-Амбасадорот-на-Албанија-Уставните-измени-треба.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Европската Демократска Партија, Арјанит Хоџа, го пречека на средба амбасадорот на Република Албанија во Скопје, г-дин Фатос Река.


На средбата се разговараше за политичката определба и визија на Европската Демократска Партија за политичките процеси и европската иднина на земјата.

Уште еднаш беше реафирмиран ставот дека иднината на регионот нема друга алтернатива освен целосна интеграција во Европската Унија, затоа, како што досега беа заедно Северна Македонија и Албанија рамо до рамо, мора заедно да го продолжат европското патување и во тој контекст беше оценето дека уставните измени треба да се гласаат во собранието, бидејќи со тоа се бетонира и проевропската ориентација на земјата.

Двете страни се согласија за продолжување на комуникацијата, која е во служба на остварување на заедничките аспирации и заокружување на интеграцијата во Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK