Хекуран Асани е новиот предлог на Владата за директор во М-НАВ

Хекуран-Асани-е-новиот-предлог-на-Владата-за-директор-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Хекуран Асани е новиот предлог на Владата за дирекор на М-НАВ.

Со тоа, Владата ја промени првичната одлука од денешната седница кога го предложи Илир Мехмеди кој не ги исполнуваше условите за функцијата.

Од Владината прес-служба информираа дека Владата му препорача на надзорниот одбор на „М-НАВ“ да ги разреши досегашните директори, Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски, а на нивните позиции ги предложи Асани и Милан Кораќ.

Од Владата образложија дека Хекуран Асани е вработен во „М-НАВ“ од 2005, а од 2007 година ги извршува обврските на контролор на летање. Во 2010 година се стекнува со лиценца за извршен контролор, а од 2021 година е воедно и интруктор за областа контрола на летање. Хекуран Асани како вработен во М-НАВ и долгогодишен контролор на летање, воедно ја извршува и функцијата на супервизор на контрола на летање.

Милан Кораќ на позицијата Извршен Директор во СВТ во М-НАВ доаѓа од позицијата Раководител-инструктор за електроенергетика во Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје. Кораќ пред позицијата во М-НАВ, 14 години бил вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство, на позицијата Раководител-инструктор за електроенергетика во секторот за воздухопловна техника. Милан Кораќ има повеќе од 25 години работно искуство во областа на воздухопловството.

Владата ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухоповство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата.

Владата воедно го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на Акционерско друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација „М-НАВ“ А.Д. – Скопје и за истото да ја информира Владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK