Харедини до Маричиќ: Во која нормална држава така се разговара со пратеници

Харедини-до-Маричиќ-Во-која-нормална-држава-така-се-разговара.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, ја коментираше изјавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека ќе направат сè до крајниот рок да бидат донесени уставните измени.


„Не ти се чини дека со оваа изјава, која, како папагал, скоро две години секој ден ја повторуваш, си станал досаден? Кажи еднаш да знаеме што е тоа “сè што ти ќе сториш“, напиша Хајредини на социјалните мрежи.

Тој се осврна и на делот од интервјуто во кое Маричиќ вели дека ќе разговараат со секој пратеник поединечно, а до октомври ќе се знае кој е за, а кој е против ЕУ. Хајредини во таа насока го прашува Маричиќ: Кој си ти да разговараш со секој пратеник?

„Разговорот заврши во Собранието, остана уште да се гласа. Што ако никој не сака да разговара со тебе? Во која нормална држава така се ‘разговара’? Дали ќе се разговара јавно или тајно? Што им нудите за возврат“, прашува Хајредини.

Понатаму тој вели дека со сите пратеници Маричиќ може да разговара само според талатовата “политичка проценка”, зашто дебатата за уставните амандмани, согласно деловникот на Собранието, завршила.

Вицепремиерот вчера во интервју за националната телевизија најави интензивирање на комуникацијата со секој пратеник во наредниот период.

„Ние очекуваме до септември-октомври јасно да се издвојат двата политички блока, едниот којшто е за членство во ЕУ што побрзо и другиот којшто е против членство во ЕУ и којшто смета дека имаме време за чекање. Чекањето е стратегија што ќе ја испразни нашата земја од млади луѓе и којашто ќе ја убие надежта за ЕУ“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK