Гром го остави без струја дебарско-струшкиот регион

vreme_-prognoza_-grmljavina_-grom-munja_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија.


Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар.

„Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме.  Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион  остана без струја од 19:50  до 23:20 часот“, велат од ЦУК.

Во Дебарскиот регион без струја беа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше.

Подрачјето кусо беше зафатено од невреме проследено со обилен дожд, електрични празнење и грмежи.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK