Градоначалникот на Карбинци да се извини што ширеше паника со неточни информации, велат од СДСМ

Градоначалникот-на-Карбинци-да-се-извини-што-ширеше-паника-со.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов да се извини што ширеше паника со неточни информации, за наводен обид за киднапирање двајца ученици пред основно училиште во општината, велат од СДСМ.


„Јавноста е во шок поради грозоморниот случај со убиствата во Скопје и Велес и неодговорно е да се шират шпекулации и да се прават обиди за политизација“, велат од СДСМ.

Според нив, пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации“, додаваат од партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK