Градоначалникот Ѓорѓиевски потпиша Меморандум за соработка против насилен екстремизам и организиран криминал

Градоначалникот-Ѓорѓиевски-потпиша-Меморандум-за-соработка-против-насилен-екстремизам-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од настанот организиран од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта/Ла Страда “ и Здружението за поддршка и развој „Хуманост“,на кој се дискутираа и утврдија заедничките чекори против насилниот екстремизам и организираниот криминал. Општина Кисела Вода како и општините Гази Баба и Куманово, застапени од нивните градоначалници Бобан Стефковски и Максим Димитриевски потпишаа меморандум за соработка со што ги потврдија своите заложби за поттикнување на мирни и инклузивни општества и ублажување на структурните услови кои се погодни за ширење на насилен екстремизам.


Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека соработката помеѓу локалната самоуправа и граѓанскиот сектор е од големо значење бидејќи дозволува рано превентивно делување. Ги наведе и превентивните мерки како и областите што може да се стимулираат за да се реализира ефективна превенција или брза реакција во случај на насилен екстремизам.

-Наислниот екстремизам претставува сериозна опасност за нашето општество носејќи со себе деструктивни последици, вклучувајќи го земањето на невини животи, дестабилизација на институциите и креирање на социјални нереди. Тој го уништува квалитетот на живеење денес и создава несигурна иднина за нас и за сите следни генерации. Овој меморандум за соработка што го потпишуваме денес не е само формален документ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK