Гордоста не се купува или подарува, туку се заслужува, порача Силјановска на првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

siljanovska-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пред Владата се оддржа првиот митинг во организација на ВМРО ДПМНЕ со кој се одбележа почетокот на кампањата за претседател на Македонија на кандидатката Гордана Силјановска Давкова.

Во својот говор Професорката Силјановска Давкова порача:

„Гордоста не се купува или подарува. Гордоста се заслужува. Ова е годината кога одбележуваме 80 години од македонската државност, 80 години од АСНОМ. Партизаните, беа инспирирани од првиот Илинден и затоа влегоа во вториот Илинден, во борба за слобода.

Е така се гради гордост, тие загинаа за нас , за Македонија да ја направат горда.Ние тоа мора да го почитуваме. Тие тоа го заслужуваат, нашиот народ тука тоа го заслужува“. рече Силјановска Давкова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK