Големиот број на возила го отежна сообраќајот на магистралата Стража – Гостивар

gostivar-2342423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Успорено движење и возење во колона по магистралниот патен правец Стража -Гостивар е забележано во изминативе два часа. Од сообраќајната полиција информираат дека станува збор за гужва која вообичаено се јавува на крајот од викендот, особено во неделите во вечерните часови на овој патен правец се обраќаат возилата кои доаѓаат од туристичките центри Охрид и Маврово и го користат вечерниот термин за враќање дома.







Од полицијата велат дека на „здуњската крстосница” наместо семафор, протокот се регулира физички и се дава предност.

Повремените застои се должат и на зголемениот број на возила на печалбарите кои деновиве се движат низ регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK