Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 28 aвгуст 2023 година, понеделник, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православна вероисповед им го честита празникот Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).