Голем митинг на ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата: „Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја, да ја вратиме надежта и да донесеме иднина“

pokana-za-miting04042024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски. Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта.

Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија. Да ја вратиме надежта. Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието.

Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж. За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце!“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата известија дека пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата на Република Македонија, ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикаа сите граѓани да се придружат, како што велат, „заедно, сплотени да ставиме крај на оваа власт и да кажеме дека народот е обединет“.

„Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце“, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK