Ѓубрето расфрлано на улиците во Тетово го попречува сообраќајот – полицијата ќе казнува со глоби и до 10.000 евра

tetovo-gubre.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тетовската полиција апелира до граѓаните и претпријатијата задолжени за одржување на јавната хигиена во Тетово целосно и безусловно да се придржуваат на Законот за јавна чистота и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.


Граѓаните да не ги оставаат отпадоци каде ќе стигнат и надвор од контејнерите и другите садови за таа намена, а претпријатијата редовно да го подигаат сметот и да не дозволат создавање на купишта со расфрлани отпадоци.

„Неретко купиштата отпадоци или неправилно поставени контејнери го попречуваат нормалното и безбедно движење на возилата и пешаците, пред се и на некои потесни места и предизвикуваат застој во одвивањето на сообраќајот“, велат од СВР Тетово.

Се додава дека овој месец, на пример, СВР Тетово изготви соодветен поднесок против ЈКП „Шар“ за неподигнат смет од јавни сообраќајни површини, оставен на самиот коловоз.

Вакви поднесоци, велт од полицијата,  ќе се изготвуваат и во наредниот период со цел да се овозможи нормален сообраќаен проток низ градските улици и да се придонесе за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, а посебно на пешаците.

Глобите за непочитување на оваа законска одредба се движат од 100 до 1000, односно до 10 илјади евра, зависно од тоа дали е физичко или правно лице и плус 500 евра за одговорното лице на правниот субјект.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK