Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, демантира дека дал дозвола на хрватски медиуми да влезат во училиштето каде учеше Вања.
„Ова е целосно неточно, на ниеден новинар не сум дал дозвола да го посетат Песталоци. Дали новинари смеат да доаѓаат и известуваат од училиштето е одлука на директорката и менаџментот, а било кој вклучително и новинарите, мораат да ги почитуваат нивните одлуки. Целосна поддршка за директорката“, напиша Герасимовски на ФБ.