Општина Гази Баба преку јавен оглас доделува 4.000.000 денари за финансиска поддршка за реализација на проекти од здруженија на граѓани и фондации.
За јавниот оглас, градоначалникот Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК: 4.000.000 денари за финансирање на проекти на Здруженија на граѓани и фондации!
Почитувани граѓани,
Објавен е јавниот повик за финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации.
Општина Гази Баба и оваа година во својот буџет обезбеди 4.000.000 денари за финансирање на проекти кои доаѓаат директно од граѓанскиот сектор.
Јавниот повик трае до 15.02.2024 година.
Ги повикувам граѓанските организации да аплицираат со своите проекти! – напиша Стефковски.