Првото родено дете во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско.
За таа цел, денес градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја посети клиниката за Гинекологија и акушерство каде што се породи мајката.
За посетата, градоначалникот информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:
„Се роди првото бебе во општина Гази Баба.
Првото бебе родено во новата 2024 година во општина Гази Баба е женско!
Утрово на клиниката за Гинекологија и акушерство ја посетив мајката Џелјан Сејди од Страчинци која роди четврто женско дете.
Општина Гази Баба на мајката која го роди првото бебе во 2024 година и доделува еднократна парична награда во висина од 20.000 денари.
Посакувам во новата година да се родат многу дечиња, а општината ќе биде тука да создава услови за безгрижно детство. – напиша Стефковски.