Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје

w_57339112-800x450.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар утре доаѓа во посета на Скопје. Тој ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.


Ескобар ќе биде во земјава и во петок за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници.

Посетата на Ескобар следува откако уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија заглавија во Собранието бидејќи власта не обезбеди двотретинско мнозинство.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK