(Фото+видео) Претпоследен викенд за поминување граница со стари документи, голема гужва и колони возила на „Табановце“

Фотовидео-Претпоследен-викенд-за-поминување-граница-со-стари-документи-голема.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Колони возила чекаат на граничниот премин „Табановце“ за влез во Србија. Граѓаните велат дека се чека и по повеќе од еден час. На фотографиите и видеата кои ги ни испратија се гледа дека сите ленти се преполни со возила.


Гужвите најверојатно се должат на фактот што ова е претпоследен викенд за поминување граница со стари документи без „Северна“, а веќе од 12 февруари, граѓаните кои немаат документи со новото уставно име, нема да може да излезат од државата.

https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/02/граница.mp4

Дека станува збор за километарски колони, видливо е и од алатката „Гугл мапс“.

На фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција, видливи се и неколку кучиња скитници кои слободно се движат помеѓу возилата, со што е загрозена и нивната безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK