(Фото) Започна изградба на камбанарија на црквата кај Смилковско езеро

432001157_435756122169642_2688998979155337608_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Денеска се осветија темелите за изградба на камбанарија на Црквата, Св. 40 маченици изградена на Смилковското езеро во слава и сеќавање на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски кои беа свирепо убиени на 12 Април 2012 година на Велики Четврток.

Чинот на осветување на темелите го изврши Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архепископија Господин Господин Стефан кој во обраќањето пред присутните граѓани истакна: “Подобро ќе беше овој настан по ваков повод никогаш да не се случеше но се повторуваат настаните од нашата тешка историја, но за жал во време на слобода доживеавме да ни се случат нови жртви”.

Инвеститори на камбанаријата се Здружението на граѓани Св. 40 Маченици со поддршка на градоначалниците на општина Гази Баба и општина Бутел Бобан Стефковски и Дарко Костовски.

Архепископот, Г.Г. Стефан истакна јавна благодарност до двајцата градоначалници за силната поддршка и во изградбата на црквата и сега во изградбата на камбанаријата.

На настанот присуствуваа градоначалниците на Гази Баба и Бутел, Бобан Стефковски и Дарко Костовски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Министерот за Внатрешни работи Панче Тошковски, Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, пратениците Жаклина Пешевска, Владо Мисајловски и Зоран Коцевски и голем број граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK