(Фото/Видео) Спречен обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари


kriumcarenje-zlato-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење златен накит во вредност од 1,5 милиони денари. Случајот е откриен на влез во државата, на граничниот премин Блаце, кога инспектори од Одделението за оперативни работи, поради основано сомневање, извршија контрола на возило со кое управувал македонски државјанин, извести Царинската управа.


При контролата е откриено кршено злато и златен накит со вкупна тежина од 324,7 грама, коишто лицето со намера да ги криумчари, ги завиткало во црна ќеса и ги сокрило во фиоката под возачкото седиште.

Случајот е предаден на Одделението за истраги, кое против сторителот И.М. поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик, соопшти Царинската управа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK