(Фото) Почна изградбата на ново детско игралиште во Ново Лисиче


novo-detsko-igraliste-8.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Аеродром продолжува со реализација на проекти насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ започна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови детски игралишта што ќе бидат изградени на различни локации низ општината.


Како што информираат од Општината, новото игралиште ќе биде опремено со современи и безбедни реквизити, ќе има подлога од вештачка трева, како и целосно уреден простор што ќе овозможи безбедна и квалитетна игра за најмладите, но и пријатен престој за нивните родители и семејства.

Како дополнителна придобивка, на оваа локација за првпат ќе биде поставен и систем за наводнување, со што ќе се овозможи континуирано одржување и зачувување на зеленилото во паркот, велат од Општина Аеродром.

„Изградбата на новото детско игралиште е дел од определбата на Општина Аеродром секоја населба да добие современи, безбедни и функционални јавни простори, со посебен акцент на содржините наменети за децата.

Општина Аеродром и во наредниот период ќе продолжи со реализација на инфраструктурни проекти што придонесуваат за поквалитетен живот на граѓаните и за создавање современа, уредена и функционална локална заедница. Го градиме Аеродром по мерка на сите генерации“, соопшти Општина Аеродром.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK