(Фото) 11 пожарникари гасеа пожар во помошен објект на откупен пункт за старо железо во Струмица


pozarna-strumica.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа, во близина на булеварот Климент Охридски, ТППЕ Струмица со четири противпожарни возила и единаесет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запален помошен објект во откупен пункт за старо железо, при што беа зафатени и дел од материјалите кои беа во непосредна близина, информираа струмичките пожарникари преку социјалните мрежи.


„Пожарот беше во разгорена фаза и гаснењето беше доста отежнато поради тешкиот пристап за ПП возилата, како и лесно запаливите материјали кои беа присутни на локацијата“, известија струмичките пожарникари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK