Формиран новиот состав за Советот на информатичко-комуникациска технологија во правосудството

337109114_499061819107028_6246233922935267658_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во текот на вчерашниот ден министерот за правда, Кренар Лога донесе одлука за основање на нов Совет за координирање на информатичко- комуникациска технологија во правосудните органи кој ќе има 13 членови. Советот за ИКТ има за цел дефинирање и имплементирање на политиките за информатичко-комунициска технологија во правосудство, како и следење, спроведување и ревизија на Стратегијата за ИКТ во правосудство.

За членови на Советот се именувани: Влатко Милошевски – Јавно обвинителство-Скопје, Даут Рустеми-Апелационен суд Гостивар, за прв пат во советот има претставник од БЛУПРИНТ групата за реформи во правосудството , Александра Цветаноска од Здружение на млади правници, Иван Џолев-Основен Кривичен суд Скопје , Ислам Абази -ОЈОГОК, Сања Пандилов -Академија за судии и јавни обвинители, Сања Димовска-Министерство за правда, Анита Андоноска-Судски совет, Јелена Колева Догазанска-Совет на јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоска- Вишо Јавно обвинителство Битола, Шпенд Деваја- Врховен судија и член на Здружение на судии, Ѓорѓи Андонов-судија во Основен суд Штип, Наим Ферати-МИОА.

„Составот на Советот е избран по претходни консултации со сите релевантни фактори и стручната јавност. Тој ја следи имплементацијата на Стратегијата за ИКТ во правосудството и Акцискиот план, ги дефинира и имплементира мерките и активностите за дигиталзиација на правосудството, учествува во подготовка на закони, други правни акти и презема мерки од областа на примената на ИКТ во правосудните органи.Мандатот на членовите е 2 години“, велат од министерството за правда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK