Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја пречека и ќе биде домаќин на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Република Северна Македонија, како што информираат од Владата ќе биде на 30 октомври 2023 година во понеделник, во Владата на Република Северна Македонија.
Според соопштението, во Владата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе биде пречекана со највисоки државни почести.