Министерот за правда Игор Филков оствари работна средба со амбасадорката на Грција во нашата земја, Софија Филипиду на која се дискутираше за одличната билатерална соработка која ја имаме во изминатиот период во различни области.
Како што соопшти Министерството, се разговарало за реформите во правосудството, владеењето на правото, како и соработката на Академиите за судии и јавни обвинители на двете држави што ќе биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство.
„Грција ги подржува европските аспирации на Република Северна Македонија и се подготвени да обезбедат стручна помош за олеснување на процесот преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво.
Очекувањата се да се интензивираат на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа од страна на двете држави“, соопшти Министерството за правда.